НА ШАХОВСКИОТ ТУРНИР НАЈДОБАР- ДЕЈАН ЈАНКОВ
Сосема заслужено првото место му припадна на Дејан Јанков, радиолошки техничар на Клиниката за кардиологија при Клиничкиот центар во Скопје.
Дејан Јанков во шеснаесетте кола освои вкупно 13,5 поени, половина повеќе од второпласираниот д-р Мите Зафиров од Воената болница во Скопје и еден од третопласираниот д-р Вело Марковски од Клиничкиот центар во Скопје.
Еве го редоследот на останатите шахисти: д-р Димитрија Николиќ, Томе Аризанов, д-р Васо Талески, Ганија Исени, д-р Зоран Јовановски, д-р Димче Бошковски, Васил Јанков, д-р Димитар Стровјански, д-р Ванчо Андреевски, д-р Драган Андоновски, д-р Ѓорги Николов, Гоце Нонковски, д-р Драгиша Галески и д-р Јордан Чаловски.