ПРАЗНИК ЗА ФУДБАЛОТ
На турнирот се натпреваруваа шест екипи во машка и две во женска конкуренција. Победници кај женските екипи беа вработените во Институтот за трудова медицина а во машка екипата на Поликлиниката “Гази Баба”.
Екипите на машкиот турнир беа поделени во две групи. Победниците од двете групи од Поликлиниката на МВР и “Гази Баба” играа во финалето. Во интересна игра претставниците од Поликлиниката “Гази Баба” беа подобри и со 3:1 заслужено го освоија победничкиот пехар.
Во женска конкуренција победникот го решаваа пеналите бидејќи натпреварот во регуларно време заврши нерешено-без голови. Победнички беа вработените во Институтот за трудова медицина а поразени вработените од амбулантата во Шуто Оризари.