ОБРАСЦИ ЗА КОНТИНУИРАНАТА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА
На последната седница на Извршниот одбор на Лекарската комора на Република Македонија беа разгледани и усвоени документите кои организаторот на континуираната медицинска едукација треба да ги пополни и достави до Комората за акредитација на стручното усовршување. Согласно позитивните законски прописи, акредитација на стручното усовршување ја одобрува Комората.
Постапката за акредитација на одредено стручно усовршување е следна: Организаторот на одредено стручно усовршување доставува барање за одобрување и категоризација на стручната манифестација три месеца пред одржувањето. Комората по разгледувањето на доставената пријава и материјалите за стручното усовршување донесува одлука за признавање, категоризација и бодовно вреднување на стручното усовршување. Одлуката, Комората ја доставува до организаторот на стручнатото усовршување. Лекарската комора на Република Македонија со организаторот на стручното усовршување склучува договор за меѓусебните права и обврски.
Барањето за одобрување и категоризација на облиците на стручно усовршување од страна на организаторот на стручното усовршување, во кој се поместени и дополнителни информации (потребни документи), може да се користи за аплицирање ( да го симнете од ВЕБ страницата) за акредитација на стручно усовршување во Лекарската комора на Република Македонија .
За сите информации можете да се обратите до Лекарската комора на улица “Народен фронт“ бр 21 Скопје тел: 02 312 40 66, 323 90 60. E-mail: lkm@ lkm.org.mk .
симнете ги обрасците:
1.Барање за одобрување и категоризација на облиците на стручното усовршување од страна на организаторот на стручното усовршување
2.Анекс А
3.Анекс Б
4.Изјава за надминување на судир на интереси
5. Анкетен лист
6. Барање за одобрување и категоризација на облиците на стручното усовршување од страна на доктори на медицина
7. Анекс А