СТРУЧНИОТ ИСПИТ НА 27 ФЕВРУАРИ
Ова ќе биде трета сесија на полагање на стручниот испит во Лекарската комора на Република Македонија. Пријавувањето за полагање на испитот е најдоцна до 20 јануари.
За пријавување на стручниот испит потребно е да пополните барање, изјава (кои можете да ги добиете во Лекарската комора), оверен препис или оверена копија за завршен медицински факултет, приправничка книшка, пополнета и оверена врз основа на Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж. Изјавата што ќе ја добиете во Комората треба да биде заверена на нотар.
Кон овие документи треба да доставите и уплатница за покривање на трошоците за полагање на стручниот испит утврдени со Правилникот за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценците.