НАД СТО НОВИ ЛИЦЕНЦИ
Сите оние што аплицираа за добивање на основна, односно работна лиценца, по седницата на Комисијата од осми ноември оваа година, добија право и официјално да ги извршуваат своите докторски должности.
Инаку во меѓувреме во стручната служба на Лекарската комора се работи на заменување на старите со новиот образец на лиценците. Бидејќи станува збор за неколку илјади лиценци, од стручната служба се замолува да не се брза со апликациите, освен во случаи кога тоа е навистина неопходно. Лиценците кои ги поседувате, таканеречените стари лиценци важат до оној момент додека не се заменат со нови.
За сите информации контактирајте на познатите телефони на стручната служба на Лекарската комора.
Комисијата во продолжение од својата работа расправаше и за други теми од нејзиниот делокруг на работа.