ПЕТ ГОДИНИ VOX MEDICI
Видоизменетиот билтен, како технички така и содржински, “Vox Medici” kako гласилото на Лекарската комора беше прифатен од читателите.
Во изминатите пет години излегоа од печат, заедно со овој, точно 20 броеви на “Vox Medici” или над 120.000 копии. За читателите, за овие дваесет броја, се подготвени 1.440 страници со најразновидни содржини и маркетингшки пораки. На овој простор, со прилози, написи, трудови и други содржини учествувале над 600 автори.
Сите овие бројки укажуваат на фактот дека Лекарската комора на Македонија не погреши што билтенот го замени со списание кое покрај информативен ќе има и едукативен, па и научен карактер. Потврда за тоа е интересот за “Vox Medici” што се зголемува од број во број. Паралелно со тоа фармацевтските куќи, токму заради тој зголемен интерес меѓу докторите, се трудат да бидат што е можно поприсутни на страниците на списанието.