29.12.2005
29.12.2005
ВРАЧЕНИ ПРВИТЕ ЛИЦЕНЦИ

Првата лиценца ја предаде проф. д-р Владо Димов, министерот за здравство, на д–р Алексадар Давидомакедонски. Лиценците ги добија триесеттина доктори од целата држава. Основни лиценци им беа врачени и на првите доктори што го полагаа стручниот испит во Лекарската комора.
На свеченоста покрај министерот за здравство присуствуваа и деканот на Медицинскиот факултет проф. д-р Магдалена Жантева Наумовска и проф. д-р Јован Тофоски, претседател на Македонско лекарско друштво.