12. СИМПОЗИУМ ВО ТИРАНА
Лекарската комора на Македонија е член на оваа престижна асоцијација е член веќе 5 години. Оваа година делегацијата на Лекарската комора ќе ја предводи претседателот д-р Алексеј Дума. Во неа покрај претседателот д-р Дума ќе бидат и потпреседателот на Извршниот одбор, д-р Салих Ќерими и претседателот на Општинската организација Чаир д-р Радмила Ристовска.
На Симпозиумот се предвидува да се расправа по две теми од интерес на коморите на источна и централна Европа.
Главна тема на Симпозиумот секако ќе биде “Болоњскиот процес”. Воведничар по темата е Кристо Пано кој ќе зборува за влијанието на процесот во образованието на Албанија.
На состанокот во Тирана ќе учествуваат претставници на медицинските асоцијации на Германија, Словенија, Австрија, Русија, Бугарија, Република Чешка, Словачка, Хрватска, Македонија, Полска, Романија, Унгарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.