ВО ФУНКЦИЈА НОВИОТ РЕГИСТАР НА ДОКТОРИ
Софтверскиот дел е готов и во моментот на него се прават последните проверки. Почна внесувањето на првите пријави и се испитуваат можностите за вкрстување на податоците од регистарот.
Се очекува регистерот на доктори во државата да биде единствениот релевантен извор на податоци за докторите, според бројот, специјалноста, вработувањето, според видот на лиценцата што ја поседуваат и слично. Според Законот за здравствена заштита Лекарската комора на Република Македонија е должна до Министерството за здравство два пати во годината да доставува детален извештај од регистерот на доктори и промените што ќе бидат внесувани.