ПЕТ ГОДИНИ VOX MEDICI
Во декември ќе излезе од печат 49 број на гласилото на Лекарската комора на Македонија, списанието "Vox Medici". Со овој број ќе биде означена пет годишнината од излегувањето на првиот број на "Vox Medici". Тоа всушност ќе биде 20. број на ревијата кое го сврте вниманието на докторите. Во изминатите пет години се објавени повеќе стотини материјали од сите области на медицината. Низ страниците на списанието продефилираа многу имиња на професори на Медицинскиот факултет во Скопје, но и доктори кои докторската работа ја извршуваат и во други јавни и приватни здравствени организации. Списанието продолжува и натаму да ја извршува мисијата на едукација, но и срамежливо да ги отвара своите страници за научни трудови.
Треба да се спомене дека до 2001 година Лекарската комора издаваше информативен весник кој го носеше името “Билтен”.





