ПОЧНА ПОЛАГАЊЕТО НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
На почетокот се пријавија над триесеттина завршени доктори на медицина. Инаку стручниот испит во иднина ќе се полага во три дела. Првиот ќе биде тест со 120 прашања, вториот-практичен во докторска ординација и третиот-испрашување од етичко-деонтолошката област.
Според Правилникот се предвидува стручниот испит да се полага четири пати во годината- февруари, мај, септември и декември.
Според досегашните искуства во текот на една година стручен испит полагаат околу 300 дипломирани доктори.
Во Лекарската комора на Република Македонија се акредитирани над 220 доктори и правници кои ќе го вршат испитувањето при спроведувањето на стручниот испит.