ЗАМЕНАТА НА ЛИЦЕНЦИТЕ ОД ДЕКЕМВРИ
На овој начин сите доктори што ја поседуваат старата лиценца ќе можат да ја заменат со нова веќе во декември оваа година. Исто така, докторите што во овој период ќе се здобијат со лиценца, ќе ги добијат новите обрасци или нов изглед на лиценцата.
Според измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита во иднина Лекарската комора на Република Македонија ќе издава два вида лиценци: “Основна лиценца” и “Лиценца за работа”.
За замена на старата со нова лиценца потребно е да пополните нова пријава, која можете да ја најдете на нашиот сајт, и да доставите заверена фотокопија за завршена специјализација доколку овој документ не постои во вашето досие во Комората. Во новите лиценци ќе ви биде впишана и завршената специјализација.
За сите дополнителни информации обратете се на телефенскиот број во Лекарската комора на Република Македонија (02) 3 124 066.