29.07.2005
29.07.2005
ПРВИ НОСТРИФИКАЦИИ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
Во рамките на јавните овластувања во иднина во Лекарската комора на Република Македонија ќе се нострифицираат стручните испити за студентите што ги полагале во странство и ќе почне полагањето на стручниот испит за докторите што дипломирале на Медицински факултет во Скопје.
Деновиве неколку доктори кои стручниот испит ги положиле во странство во Лекарската комора на Република Македонија полагаа дополнително дел од стручниот испит според програмата што важи во нашата држава.
Според Комисијата за нострификација при Лекарската комора на Република Македонија овие неколку кандидати според програмата требаше да го полагаат само правниот дел. Докторите успешно го положија диференцијалниот дел пред комисија која ја формираше Комората.