СТРУЧНИТЕ ИСПИТИ НА ЕСЕН
Во тек се подготовките за печатење на програмата врз основа на која ќе се полагаат стручните испити. Во рамките на програмата е наведена и литература од која во иднина ќе се учи за полагање на стручниот испит.
Според првичните сознанија стручниот испит ќе се полага четири пати во годината- во февруари, мај, крајот на септември и почетокот на декември.
Испитот ќе се полага три дена. Ќе се одговараат тест прашања, докторот ќе “работи” во амбуланта за примарна здравствена заштита и и ќе одговара на прашања од деонтологија и правото.