11.04.2005
11.04.2005
ЗА НАГРАДАТА “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ” САМО 4 ПРЕДЛОЗИ
Деновиве се очекува да почне со работа Комисијата за доделување на наградата “Св. Наум Охридски”. За оваа престижна награда што секоја година, на денот на формирањето 5 јуни ја доделува Лекарската комора на Македонија овој пат има многу малку предлози. До комисијата пристигнаа само четири кандидатури.
Општинските одбори на Лекарската комора кои имаат право да предлагаат годинава затаија. Не се памети до Комисијата да стигнале толку малку предлози. Иако тоа не ја намалува важноста на пристигнатите предолзи, сепак може да се каже дека општинските одбори не ја сватиле сериозно својата обврска. Не би можеле да веруваме дека во државата има само четири доктори кои можат да конкурираат за наградата.