КАКО ДО ЛИЦЕНЦА
Иако детални информации има на оваа веб-страница, во делот на актите на комората еве накусо како можете да станете член на Лекарската комора, да добиете членска карта и лиценца.
Во просториите на Лекарската комора на Македонија можете да подигнете пријава која треба да ја пополните. Заедно со пополнетета пријава треба да доставите диплома или уверение за завршен медицински факултет, уверение за положен стручен испит, за стекната специјализација (доколку ја поседувате), документ за државјанство, уплатница со 300 денари за упис во регистарот на доктори и една фотографија. Сите документи треба претходно да бидат заверени кај нотар.
Жиро-сметката на Лекарската комора на Македонија е 200-0000114640-34, единствениот матичен број е 4030991274058 а депоненет е Стопанска банка.
За сите дополнителни информации можете да дојдете во просториите на Лекарската комора на Македонија, улица “Народен Фронт” број 21 или да се јавите на телефоните на Комората: 3 239-060 и 3 124-066. Можете слободно да комуницирате и преку e-mail адресата: nachamed@mt.net.mk