ТРИ АКТИ УСОГЛАСЕНИ
Ова усогласување е претходна постапка пред подзаконските акти да се најдат пред членовите на Собранието на Лекарската комора на Македонија кои треба да ги усвојат. Овие акти, поддржани од Собранието треба да ги одобри министерот за здравство. Досега се усогласени три подзаконски акти. Се очекува тоа да биде сторено и за преостанатите три. Веднаш штом се добијат усогласените подзаконски акти треба да следува седница на Собранието.
По оваа седница и потписот на министерот за здравство се очекува да се почне со примена на системот на акредитација и издавањето на првите лиценци според новиот Закон за здравствена заштита.