ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА
Работната група одржа десетина состаноци на кои беа дефинирани забелешките што преку Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија беа доставени до Фондот за здравствено осигурување. Она што произлезе од работата на ова тело е фактот што на ваков начин можат да се надминат многу недоразбирања, дури и превиди што некогаш и ненамерно можат да се провлечат при подготовка на вакви материјали. Во оваа прилика Фондот за здравствено осигурување имаше можност да го искористи богатото искуство на докторите кои долги години работат во примарната здравствена заштита