ВТОРА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР
На почетокот од седницата, по првата точка на дневниот ред беше извршено задолжување на потпретседателите на Лекарската комора на Македонија со одделни задачи во остварувањето на функцијата на Комората. Исто така беше направен и договор за распоредот на членовите на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија кој ќе контактира со претседателите на општинските одбори за одделни региони.
По третата точка на дневниот ред Комисијата за етички и правни прашања поднесе информација околу издавањето на лиценци на доктори дипломирани во странство.
Пред членовите на Извршниот одбор беше поднесена и информација за досегашните активности на работните групи за имплементација на обврските од Законот за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита.
На седницата, како посебна точка на дневен ред беа ставени И активностите околу обезбедување потребен простор и финансиска поддршка во врска со пренесените јавни овластувања врз основа на новиот текст на Законот за здравствена заштита.
Во продолжение беше разгледано и писмото од Здружението на медицинските лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија и сослушана информацијата од тркалезната маса одржана на Првиот конгрес по општа медицина што се одржа во Охрид од 2 до 6 јуни.
Претседателот на Лекарската комора д-р Алексеј Дума, кој ја предводеше делегацијата на Лекарската комора на Македонија, информираше за работата на Симпозиумот на коморите од централна и источна Европа што се одржа во Берлин од 27 до 29 мај оваа година.