ШЕСТ КАНДИДАТИ ЗА НАГРАДАТА “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”
Се очекува Комисијата да ја заврши својата работа во текот на мај а во втората половина од месецот да ја информира јавноста за одлуката за тоа кој ќе биде носител на ова престижно одличје.
Според правилникот за наградата таа се доделува на лекар поединец кој особено се истакнал со совесното и одговорното извршување на лекарската професија, кој остварил особено добри резултати при лекувањето на пациентите и се стекнал со доверба и популарност кај пациентите. Притоа во текот на својата работа докторот остварил добра соработка и однос со своите колеги, неистакнувајќи ги притоа своите лични амбиции и квалитети и незлоупотребувајќи го своето влијание што го има спрема пациентите за да се здобие со материјална корист, односно кој доследно се придржува кон принципите на медицинската етика и Кодексот на медицинската деонтологија.
Досегашни добитници на наградата “Св. Наум Охридски” се: Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на радиоваскуларни заболувања (1994 година); д-р Драги Чакаларов, Медицински центар Штип (1995); д-р Александар Бошковски, Медицински центар-Прилеп (1996); д-р Владимир Грнчаровски, Медицински центар- Тетово (1997); д-р Стојан Кулеџиовски, Медицински центар Велес (1998); д-р Цвета Мартинова, Болница за нервни и душевни болести (1999); д-р Драган Филиповиќ, Медицински центар Тетово (2000); д-р Климентие Матоски, Медински центар-Струга (2001) и д-р Нада Симовска, Здравствен дом Пехчево (2002 година).