РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”
Комисија за доделување на наградата “Свети Наум Охридски”
Р А С П И Ш У В А
К О Н К У Р С
за доделување на наградата “Свети Наум Охридски”
за особени постигнувања во областа на здравството во 2003 година
Наградата”Свети Наум Охридски”се доделува во знак на признание за осо¬бе¬ни остварувања во областа на здравството, на поединец- доктор на медицина.
Наградата е парична и се доделува еднаш годишно на доктор кој во прет¬¬хо¬д¬ната година особено се истакнал со совесно и одговорно извршува¬ње на докторската професија, кој остварил особено добри резултати во ле¬ку¬вањето на пациентите и се стекнал со доверба и популарност кај нив, кој ост¬варил добра соработка и однос со своите колеги, не истакнувајќи ги при тоа своите амбиции и квалитети и не злоупотребувајќи го своето влијание кон пациентите за да се здобие со материјална корист, односно доследно се придржувал кон принципите на медицинската етика и Кодексот на медицин¬ската деонтологија.
Иницијатива за доделување на наградата можат да поднесат општин¬ски¬те одбори на Комората.
Иницијатива за наградата треба да биде поднесена писмено, да биде обр¬азложена и да содржи лични податоци и адреса на живеење на предло¬же¬ните кандидати, податоци за остварените резултати во смисла на крите¬ри¬уми¬те за доделување на наградата и потребна документација.
Образложената иницијатива за доделување на наградата треба да би¬де поднесена најдоцна до 15.02.2004 година на адреса: Лекарска комора на Македонија, ул. “Народен фронт” бр.21-Скопје- Комисија за доделување на наградата “Свети Наум Охридски”.
Некомплетираните иницијативи и иницијативите доставени по определениот рок, нема да бидат разгледувани.
Претседател на Комисијата за доделување на наградата
“Свети Наум Охридски”
д-р Тихомир Матевски