ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Во просториите на Лекарската комора на Македонија од името на институциите што ги претставуваат Меморандумот за соработка го потпишаа проф. д-р Јордан Савески, проф. д-р Алексеј Дума, проф. д-р Анте Поповски, проф. д-р Марија Накова и проф. д-р Миле Царчев.
На состанокот со потпишувањето на документот е истакната и потребата за перманентна соработка која во иднина треба да се интензивира. Беше истакната и заложбата за почитување на принципот на континуитет во реализација на сe она што досега е договорено на различни нивоа и почитување на сите досега потпишани документи.