9-ти симпозиум на коморите од Европа - Први официјални пријави
Организацијата на годинешниот Симпозиум, деветти по ред, Лекарската комора на Македонија ја доби минатата година на собирот во Полска. Во Скопје, во хотелот “Александар Палас”, ќе учествуваат претставници на Австрија, Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Албанија, Хрватска, Германија, Романија, Полска и Македонија.
На Симпозиумот на три сесии ќе се расправа по исто толку теми. Ќе стане збор за реформите на здравствениот систем во Македонија, (за што ќе информира домаќинот), за континуираната медицинска едукација како услов за ревалидација, за улогата на коморите во системот на лиценцирање и ревалидација, за облиците на приватизацијата на здравствениот систем во земјите на транзиција и за воспоставувањето на професионалните стандарди и нивната валоризација.
Се очекува на сипозиумот да присуствуваат триесеттина еминентни претставници коморите од Европа кои компетентно ќе расправаат по овие прашања.