Награда “Св. Наум Охридски” - Пријавени пет кандидати
Деновиве се очекува Комисијата на Ивршниот одбор да му го преложи годинашниот добитник. Плакетата, како по традиција ќе биде врачена на свеченоста по повод годишнината на Комората која оваа година ќе се оджи на 6. јуни во Скопје.
Наградата “Св. Наум Охридски” почна да се доделува 1995 година. Прв носител на плаќетата е Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Наредната 1996 година носител на плаќетата е д-р Драги Чакалов од Медицинскиот центар од Штип, 1997 д-р Александар Бошковски од Медицинскиот центар од Прилеп, 1998 д-р Владимир Грнчаровски од Медицинскиот центар од Тетово, 1999 д-р Стојан Кулеишовски од Медицинскиот центар во Велес, 2000 д-р Цвета Маринова и 2001 година д-р Драган Филиповиќ од Медицинскиот центар во Тетово.