Десет години ЛКМ - Покровител Борис Трајковски
За одбележување на годишнината се предвидува на 6. јуни во Скопје да се одржи свечена академија на која ќе говори претседателот на Лекарската комора, професор д-р Алексеј Дума.
Поканата за конститутивната седница на Лекарската комора на Македонија од името на Иницијативниот одбор, пред десет години, ја потпиша претседателот на тогаШниот иницијативен одбор проф. д-р Јован Тофовски. На собирот на кој му претходеа повеќе од седумдесет состаноци на Иницијативниот одбор, беа усвоени основните акти на Комората, Статут, Кодекс за медицинска деонтологија и Деловник за работа на Собранието.
На Собранието присуствуваше и Киро Глигоров, тогаш претседател на Република Македонија. Поздравувајќи ги присутните тој ја поздрави и иницијативата за формирање на Комората.
Делегатите за претседател на Комората го избраа д-р Алексеј Дума, а за негов заменик д-р Драган Филиповиќ.
Собранието избра и Извршен одбор кој го сочинуваа: д-р Васко Василевски, д-р Драгољуб Велевски, д-р Бранко Глумов, д-р д-р Никола Зисовски, д-р Живко Попов, д-р Коста Секуловски, д-р Павел Сотировски, д-р Михаил Арсов, д-р Светозар Стојанов и д-р Јован Тодоров.
Петти јуни 1992 година сепак може да смета само за возобновување на Лекарската комора. Датум за востановување на лекарското здружување сигурно е 14 декемвти 1920 година кога по овластување на тогашното министерство на Кралството СХС била издедна наредба за формирање на лекарска и аптекарска комора.
Со новата територијална поделба на Кралството Југославија, 1923 година, Македонија и дел од јужна Србија стануваат Вардарска бановина или трета област. Седиштето на Комората на третата област било во Скопје.
Прв претседател на Управниот одбор на Лекарската комора е д-р Мило Иличковиќ. Во Управниот одбор покрај претседателот биле и д-р Коста Чохаџиќ (потпреседател), д-р Миодраг Јелесијевиќ (секретар), д-р Богољуб Паган (благајник) и членовите д-р Драгутин Анастасијевиќ (Скопје), д-р Ѓоѓе Пантазис (Скопје), д-р Божидар Христиќ (Скопје) и д-р Алексеј Дума (Битола). Заменици биле д-р Јанко Дракулис и д-р Асим Куленовиќ (Штип).
На свечената седница на 6 јуни се очекува да бидат доделени и благодарници на најзаслужните во формирањето и развојот на Лекрската комора во изминатите десет години.