Претставници на Лекарска комора присуствуваа на ЗЕВА Симпозиумот 2026
Претставници на Лекарската комора на Северна Македонија зедоа активно учество на ЗЕВА Симпозиумот 2026 (ZEVA Symposium 2026), кој се одржа од 3 до 5 септември 2026 година, во Виена, Австрија, претставувајќи ги актуелните состојби, предизвици и регулаторни рамки во македонскиот здравствен систем.
Оваа година фокусот на дискусијата беше ставен на три теми: континуирана медицинска едукација, телемедицина, како и пренесување на задачи и нови медицински професии. Претставниците на Комората за секоја тема имаа свои презентации во кои детално ги претставија состојбите во нашата земја.
Настанот традиционално обединува претставници на лекарските комори од Централна и Источна Европа, како Германија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Романија и Словенија.
ЗЕВА Симпозиумот (Симпозиум на лекарските комори од Централна и Источна Европа) е клучен годишен настан кој овозможува значајна платформа за размена на искуства меѓу лекарските комори. Учеството на овој симпозиум е од исклучителна важност за Лекарската комора бидејќи овозможува директно вклучување во регионалните дискусии за здравствените политики, споделување на националните практики и усогласување на ставовите за заедничките предизвици со кои се соочува медицинската професија во регионот и пошироко. Оваа меѓународна соработка е клучна за континуирано унапредување на здравствениот систем во земјата преку имплементација на позитивните европски практики.
Следната година, домаќин на настанот ќе биде Црна Гора.






