Докторите ги одмерија силите во фудбал и во кошарка
Во организација на Комисијата за спортски активности при Лекарската комора, во текот на месец мај успешно се реализираа уште три спортски настани кои поминаа во знак на фер-плеј, дружење и натпреварувачки дух.

Турнирот во фудбал се одржа на 09.05.2026 г. во Штип на теренот кај средното медицинско училиште со поддршка во организацијата на докторите од Клиничка болница Штип.

Резултати:
Прво место - Екипата на Клиничка болница Штип
Второ место - Екипата на Здравствен дом Пробиштип
Трето место - Екипата на Медикус Скопје

Љубителите на природата уживаа во планинарската тура на падините на Водно што се одржа на 16.05.2026 г. Поволните временски услови им овозможија на учесниците да ја завршат турата без дожд и во одлично расположение. Комисијата за спорт изразува посебна благодарност за докторите од Дебар кои се придружија на патеката и кои упатија покана следната година да бидат организатори на оваа спортска активности.
.jpg)
Турнирот во кошарка се одржа во салата „Форца“ во Скопје.
Прво место освои екипата која по 5-ти пат победува во состав:
Д-р ВАНЃЕЛ РИСТОВСКИ
Д-р АЛЕКСАНДАР ЌОСЕВ
Д-р СТЕФАН НЕДЕЛКОСКИ
Д-р ГОРЈАН МИЛАНОВСКИ
Второ место освои екипата на доктори од Велес кои учествуваат за првпат:
Д-р НЕНАД КОЦИЌ
Д-р ПАНЧЕ ЈАНКОВСКИ
Д-р ИВАН АТАНАСОВ
Д-р ГОРАН БОГАТИНОВ
Трето место остави екипата предводена од ортопед од 8-ми Септември:
Д-р МАРТИН ХРИСТОВ
Д-р ВЛАДИМИР ЈОВАНОВСКИ
Д-р АЛЕКСАНДАР СМИЛЕВСКИ
Д-р ДУШАН ЏИДРОВ
Најдобар во шутирање тројки – д-р ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ

Од редовните спортски активности што се организираат секоја пролет, останува уште турнирот во тенис што ќе се одржи на 06 и 07 јуни традиционално во Кочани на терените „Акватен“. Комисијата за спортски активности упатува покана со сите заинтересирани доктори да се пријават за учество однапред или на самиот настан.





