Одржани натпревари во стрелаштво, шах и пинг-понг
Комисијата за спортски активности на Лекарска комора изминатиот период организираше неколку спортски настани, на кои лекарите покажаа дека, покрај стручноста во ординациите, поседуваат и одличен спортски дух.
Под покровителство на Kомора, во спортската сала „Партизан“ во Карпош се одржа натпреварот во стрелаштво. Под будното око на меѓународниот судија Јордан Тасевски, беа прогласени најдобрите стрелци во машка и женска конкуренција.
Победници во женска категорија:
Златен медал: д-р Лидија Арсовска
Сребрен медал: д-р Даниела Маркоска
Бронзен медал: д-р Ана Мирчевска
Победници во машка категорија:
Златен медал: д-р Толе Битовски
Сребрен медал: д-р Кирил Петковски
Бронзен медал: д-р Александар Каревски
На 26 април 2026 година, шаховската елита меѓу белите мантили се собра во „Гран клуб“ во Скопје. Турнирот понуди неизвесни партии во кои доминираше концентрацијата.
Најдобро рангирани шахисти:
Прво место: д-р Дејан Јанков
Второ место: д-р Вело Марковски
Трето место: д-р Зоран Јовановски
По завршувањето на официјалниот турнир, следуваше традиционален двомеч помеѓу докторската репрезентација и екипата на најтрофејниот македонски шаховски клуб, „Алкалоид“. Натпреварот се одигра на седум табли во седум кола. Иако лекарите покажаа силен отпор и висок квалитет на игра, искуството на професионалците пресуди, па екипата на „Алкалоид“ славеше со конечен резултат 6:1.
На 18.04.2026 г. во Гостивар се одржа турнир во пинг-понг.
Победници:
Прво место: д-р Душко Домазетовски
Второ место: д-р Премтон Хулај
Трето место: д-р Владимир Јовановски
На 25.04.2026 година во Скопје се одржа рекреативна велосипедската тура. Стартот беше од арената „Борис Трајковски“, а се возеше околу Скопје по патека долга 40 километри. Одличните временски услови само го дополнија пријатното искуство на учесниците.
Овие активности, веќе традиционално организирани од Комисијата за спортски активности, имаат за цел да го поттикнат спортскиот дух и дружењето меѓу здравствените работници надвор од нивните секојдневни работни обврски.
















