Најава за 8 спортски активности - пријавувањето е во тек
По минатогодишниот огромен успех на Првата олимпијада за доктори, со големо задоволство најавуваме дека продолжуваме со традицијата на организирање на спортски настани со цел промоција на здрававиот начин на живот како алатка за зачувување на здравјето. По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, Комисијата за спортски активности при Лекарската комора организира спортски натпревари во 8 дисциплини.
Ги покануваме сите доктори да се приклучат, да го покажат својот спортски дух и да се дружат надвор од ординациите.
Календар на натпревари и пријавување:
|
Спортска дисциплина |
Датум и час |
Локација |
Контакт за пријавување |
|---|---|---|---|
|
Стрелаштво |
04.04.2026 (сабота) |
11:00 ч. – Стрелана „Партизан“ (зад City Mall), Скопје |
д-р Толе Битовски (070 636 376) |
|
Пинг-понг |
18.04.2026 (сабота) |
10:00 ч. – Училишна сала, Гостивар |
д-р Душко Домазетовски (071 354 142) |
|
Велосипедизам |
25.04.2026 (сабота) |
11:00 ч. – Скопје (патеката ќе биде дополнително објавена) |
д-р Марјан Димитровски (070 366 166) |
|
Шах |
26.04.2026 (недела) |
10:00 ч. – Скопје (локација дополнително) |
д-р Вело Марковски (076 200 406) |
|
Фудбал |
09.05.2026 (сабота) |
10:00ч – Штип |
д-р Мирослав Спасовски (075 490 091) |
|
Планинарење |
16.05.2026 (сабота) |
11:00 ч. – Скопје (патеката ќе биде дополнително објавена) |
д-р Лидија Арсовска (075 440 271) |
|
Кошарка |
17.05.2026 (недела) |
11:00 ч. – Скопје (сала дополнително) |
д-р Горјан Милановски (071 215 491) |
|
Тенис |
06-07.06.2026 (викенд) |
Терени „Акватен“, Кочани |
д-р Никола Пановски (070 266 795) |
Начин на пријавување:
Покрај наведените контакти за секој спорт поединечно, можете да се пријавите и кај:
- Д-р Љупчо Милановски (Претседател на КСА на ЛКСМ) – тел: 070 210 530
- Преку официјалната Facebook страна на ЛКРСМ
Важна напомена: Пријавувањето за поединечните спортови е можно и на самиот ден и место на одржување на настанот.
Ве очекуваме заедно да го прославиме празникот на здравјето преку спорт и дружење!





