10.12.2025
10.12.2025
Известување за полагање стручен испит во декемвриска испитна сесија
Лекарската комора ги известува сите кандидати кои се пријавени за полагање стручен испит во декемвриска испитна сесија дека по електронска пошта и смс - пораки е испратено известување за денот и часот кога ќе се одржи испитот.
Кандидатите на денот на испитот е потребно со себе да носат документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа). Трите делови на испитот ќе се полагаат во ист ден.
Доколку некој од кандидатите нема добиено известување за точниот термин на полагање, потребно е да се јави во Стручната служба на Комората на 02/3225-592 или 02/3225-590, локал 110.





