Успешно организирана правата Олимпијада за доктори
На 17 и 18 мај во Пробиштип се одржа правата Олимпијада за доктори организирана од Комисијата за спортски активности при Лекарска комора, а поддржана од Општина Пробиштип.
Настанот започна со свеченост на градскиот плоштад „Свети Гаврил Лесновски“ и интонирање на државната химна, каде присуствуваа голем број гости како и доктори, учесници на Олимпијадата. Со пригодни обраќања присутните ги поздравија претседателката на Лекарска комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Комисијата за спортски активности д-р Љупчо Милановски, кој беше и главен организатор, како и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.
Натпреварите поминаа во прекрасна атмосфера, а учесниците покажаа професионални спортски вештини и подготвеност, како и силен спортски натпреварувачки дух. Беше организирана и свечена вечера, како и доделување на награди за најуспешните. Натпреварите се организираа на повеќе локации во Пробиштип кои нудат одлични услови за професионални и рекреативни спортски активности.
Велосипедската рута се одржа на релација Пробиштип - Злетово-Древено - Добрево - Пробиштип, а учесниците уживаа во живописната природа. Планинарската тура до Илин Врв која вклучуваше и посета на Лесновски манастир, исто така понуди можности за рекреирање и уживање во природните убавини. Тенискиот турнир имаше ревијален карактер, а се одигра на двете преубави игралишта во градскиот парк. Во два меча во двојки во машка конкуренција и еден меч во женска учество зедоа Софија Милановска Јордановска, Драгица Томовска, Никола Пановски, Вело Марковски, Љупчо Милановски, Марјан Томовски, Ѓорѓи Стојковски, Иван Андоновски, Дарко Андоновски и Ристо Јанкуловски.
Даваме преглед на резултатите од другите дисциплини:
ФУДБАЛ:
Прво место-----СИСТИНА АЏИБАДЕМ СКОПЈЕ
Второ место----МЕДИКУС СКОПЈЕ
Трето место----КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ШТИП
Четврто место-ЗДРАВСТВЕН ДОМ ПРОБИШТИП
ШАХ:
Прво место-----ЈАНКОВ ДЕЈАН
Второ место---ЗАФИРОВ МИТЕ
Трето место---ЈОВАНОВСКИ ЗОРАН
СТРЕЛАШТВО:
жени:
Прво место--ЛИДИЈА КОЛАНОСКА АТАНАСОВА
Второ место-ДРАГИЦА ТОМОВСКА
Трето место-ИВАНА ХРИСТОВА ЈОВАНОВСКА
мажи:
Прво место--ИВАН АНДОНОВСКИ
Второ место-ИГОР АТАНАСОВСКИ
Трето место-СИНИША ДАНЕВСКИ
ПИНГ-ПОНГ:
жени:
Прво место----ВЕРИЦА ЈОРДАНОВА
Второ место---ЕЛИЗАБЕТА МИРЧЕВСКА
Трето место---ЈУЛИЈАНА КРСТЕВСКА
мажи:
Прво место---НОЛЕВСКИ АЛЕКСАНДАР
Второ место--ЧАСЛАВ ИЛИЕВ
Трето место--ВЛАДИМИР ЈОВАНОВСКИ
КОШАРКА:
Прво место---АЛЕКСАНДАР ЌОСЕВ
ВАНГЕЛ РИСТОВСКИ
ГОРЈАН МИЛАНОВСКИ
Второ место-ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ
БОЈАН БУДИЌ
ДАНИЕЛ ЃОРЃИЕВСКИ
Трето место-ЛЕОНИД КАРАЏИНОВ
ЈОВАН АМБАРКОВ
МАРТИН ХРИСТОВ
Победник во тројки:
ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ
Организаторот на Олимпијадата за секој учесник обезбеди торбичка, маица, диплома, беџ, како и ручек и вечера. Победниците си замина и со пехари што ќе ги потсетуваат на одличниот настан. Се надевам дека по четири години ќе организираме уште поубава, помасовна меѓународна Олимпијада за доктори.