Програма за првата Олимпијада за доктори

Ја објавуваме програмата на правата Олимпијада за доктори во нашата земја што ја организира Комисија за спортски активности при Лекарската комора на 17 и 18 мај 2025 година во Пробиштип.
Во првиот ден е предвидено свечено отворање на настанот на градскиот плоштад во Пробиштип, како и натпревари во фудбал, шах, стрелаштво, велосипедизам, планинарење и тенис. Помеѓу натреварите ќе има ручек во хотелот „Црешово топче“. Исто така е предвидена и свечена вечера. Вториот ден е резервиран за натпревари во пинг-понг и кошарка. По нивното завршување ќе има свечено доделување на наградите во хотелот „Црешово топче“ и церемонија на затворање на игрите.
Истакнуваме дека сите заинтересирани доктори може да се пријавуваат за учество и во наредните денови во сите дисциплини, освен за фудбал, каде тимовите веќе се направени.
Сите кои имаат потреба да резервираат соби за сместување може да го контактираат претседателот на Комисијата за спортски активности, д-р Љупчо Милановски на тел. број 070210530.