Пријавување за учество на прва Олимпијада за доктори

Лекарска комора - Комисија за спортски активности Ве поканува да учествувате на Олимпијада за доктори, што оваа година се организира за прв пат со цел да се промовираат здрави животни навики како и да се воспостават поблиски релации меѓу докторите во функција на унапредување на професионална соработка. Олимпијадата ќе се одржи на 17 и 18 мај во Пробиштип, а натпревари ќе бидат организирани во осум спортски дисциплини и тоа пинг-понг, кошарка, шах, стрелаштво, велосипедизам, тенис, фудбал и планинарење. Настанот е наменет подеднакво како за докторите кои професионално се занимаваат со некој од спортовите, така и за оние кои тоа го прават рекреативно.
Пријавувањето за учество на Олимпијадата е до 30 април 2025 г. на следните контакти:
1. Д-р Љупчо Милановски - 070 210 530 - за сите дисциплини
2. Д-р Душко Домазетовски - 071 354142 - пинг-понг
3. Д-р Горјан Милановски - 071 215 491 - кошарка
4. Д-р Вело Марковски - 076 200 406 - шах
5. Д-р Толе Битовски - 07063637 - стрелаштво
6. Д-р Петар Васиќ - 075408480 - велосипедизам
7. Д-р Никола Пановски - 070266795 - тенис
8. Д-р Мирослав Спасовски - 075490091- фудбал
9. Д-р Лидија Арсовска - 075440271 - планинарење
Сите заинтересирани може да се пријават и на Фејсбук страницата на Лекарска комора, а дополнително ќе се споделат и подетални информации за настанот. Со цел да обезбедиме што поуспешен настан и помасовно учество на докторите, ве охрабруваме информацијата да ја споделите со вашите колеги и да ги мотивирате да се пријават.