ЛК: Важно е да се одржи висок критериум за квалитет на стручниот испит
Лекарска комора упатува честитки до сите кандидати кои во септемвриската испитна сесија го положија стручниот испит и истакнува дека тие демонстрираа солидни знаења кои претставуваат добра база што младите доктори ќе ја надградуваат и прошируваат во текот на својот професионалниот развој.
Комората ја потенцира важноста на одржување на висок критериум за квалитет во полагањето на стручниот испит, бидејќи тоа е од големо значење за создавањето на високостручен лекарски кадар.
Полагањето за наредната ноемвриска испитна сесија ќе се одржи во периодот од 28.10.2024 г. до 01.11.2024 г. Сите кандидатите кои ќе полагаат ги потсетуваме дека:
• Писмениот дел од испитот се полага на компјутер, преку посебен програм што генерира тест со испитни прашања и понудени одговори. Базата на испитни прашања е достапна на овој линк https://lkm.org.mk/mk/record/21/21/struchen-ispit#1.
• За практичниот дел кандидатите разгледуваат студија на случај во која врз основ на симптоми и анамнеза на пациент ќе треба да дадат насоки за медицински испитувања и третман.
• Усниот дел од испитот е со фокус на проверка на знаења за етичките аспекти на професијата.
Повеќе информации за полагањето на стручниот испит може да се најдат на следниот линк https://www.lkm.org.mk/mk/record/21/21/struchen-ispit.
За дополнителни прашања може да се контактира Стручната служба на Комората на тел. број 02/ 3225592, 02/ 3225590, локал 110 или на е-пошта strucen@lkm.org.mk.