Известување за обновување на лиценци за работa со важност до 15.03.2025 година
Лекарската комора ги повикува сите доктори на медицина чии лиценци имаат важност до 15.03.2025 година да поднесат барање за нивно обновување. Евиденцијата на Комората покажува дека ова е поголема група на доктори, околу 2600, поради што е потребно сите кои сакаат да ја обноват лиценцата да ги поднесат документите побрзо, за да може навремено да се одговори на сите барања.
За обновување на лиценцата е потребно да се поднесе Барање за обновување на лиценца, кон што се приложува и:
- Доказ дека во периодот на важноста на лиценцата за работа докторот се стекнал со соодветен број на бодови за континуирано стручно усовршување по минимум 20 на годишно ниво. Во однос на ова барање напомнуваме дека заради ковид пандемијата за 2020 година, 2021 година и 2022 година, докторите треба да имаат по најмалку 10 бодови, наместо 20 бодови годишно. Сертификатите што треба да се доставуваат се за период од 2018 година до 2024 година.
- Потврда дека најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа докторот работел во дејноста за која има лиценца за работа. За исполнувањето на овој услов се приложува потврда од Агенција за вработување на РСМ за движење во службата или потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ или потврда од персонална служба за вработените во јавна здравствена установа.
- Доказ за платени членарини за период на важење на лиценцата (потврда од службата за сметководство за ЈЗУ за платени членарини за наведениот период или уплата по добиена пресметка од Сектор финансии на ЛКРСМ - контакт тел.02/3225592 лок.107 и 108 и е-маил finansii@lkm.org.mk)
- Доказ за извршена уплата на надоместок за обновување на лиценца по извршена пресметка.
Комплетните документи се поднесуваат до архивата на Лекарска комора. Испраќањето на документите по електронска пошта не се смета за уредно доставување. За дополнителни информации докторите може да се обратат на 02/3225-592 или 02/3225-590, локал 105 за услови за обновување на лиценца и локал 107 и 108 за пресметка на надоместок за членарина и обновување на лиценца, или да испратат порака на register@lkm.org.mk.