10.02.2023
10.02.2023
Информација од ФЗО за начинот на давање здравствени услуги
Лекарската комора информира дека по остварена комуникација со Фондот за здравствено осигурување во врска со сајбер нападот на компјутерскиот систем на ФЗО, добиена е информација дека се обезбедени функционални начини за извршување на здравствените прегледи, за издавање упати, боледувања, рецепти и за подигнување на лекови од аптеките.
Од ФЗОРСМ добивме уверување дека 24/7 се работи на решавање на проблемот и најбрзо можно враќање во функција на системот и дека приоритет се дава на платите на здравствените работници.
Лекарската комора на РСМ продолжува да ја следи состојбата, постојано e во комуникација со Фондот и ќе споделува информации кои се од интерес на лекарите и на пациентите.