Календар за пријавување и полагање на стручен испит во 2023 година
Лекарската комора го објавува Kалендарот за полагање на стручен испит за 2023 година во кој се предвидува полагање на стручен испит да се организира во 10 сесии почнувајќи од јануари 2023 година. Пријавувањето за полагање во јануари почнува на 03.01.20223 г. и ќе трае до 10.01.2023 г. а полагањето ќе биде организирано од 23.01.2023 г. до 27.01.20223 г.
По завршување на приправничкиот стаж докторот на медицина најдоцна во рок од една година должен е да полага стручен испит за да може да се стекне со лиценца за работа. Процесот на полагање на стручниот испит и издавањето на лиценца за работа се регулирани со Правилник за стручниот испит на докторите на медицина и за издавање на основна лиценца. Пријавувањето и полагањето на стручниот испит се организира согласно Календарот за полагање на стручен испит.
Повеќе информации за целосниот процес на полагање на стручен испит може да најдете на следниот линк.