Полагање на стручен испит во мартовска испитна сесија
Полагањето на испитот ќе се одржи во периодот од 21.03.2022 г. до 25.03.2022 г.
Лекарската комора на РСМ информира дека од 01.03.2022 години започнува пријавување за полагање на стручен испит во мартовска испитна сесија кое ќе трае до 07.03.2022 година. Полагањето на испитот ќе се одржи во периодот од 21.03.2022 г. до 25.03.2022 г. во помали групи согласно протоколите за заштита од ширење на заразни заболувања. Докторот на медицина по завршување на приправничкиот стаж должен е да полага стручен испит за да може да се стекне со лиценца за работа.
Повеќе информации за постапката за полагање на стручен испит може да најдете на следниот линк.
Потребни документи за полагање стручен испит :
· Пријава за полагање стручен испит
· Диплома/Уверение за завршен Медицински факултет - копија заверена на нотар;
· Приправничка книшка пополнета и заверена согласно Правилникот за планот и програмата за приправничкиот стаж - копија заверена на нотар;
· Уверение за државјанство - оригинал или копија заверена на нотар
· Уплатница
Од почетокот на годината ова е трета испитна сесија за полагање на стручен испит, а во сесиите кои се одржаа во јануари и во февруари испитот го положија вкупно 118 доктори на медицина.
Согласно Календарот за стручен испит, сесии за полагање ќе има и во април, мај, јуни, септември, октомври, ноември и декември. Календарот е достапен на следниот линк.