30.04.2021
30.04.2021
Известување од Министерството за здравство
На 5 мај почнува вакцинација на здравствени работници и соработници
Лекарската комора на РСМ по добиена информација од Министерството за здравство информира дека започнувајќи од 5 - ти мај 2021 година сите вработени здравствени работници и соработници кои се заинтересирани за вакцинација може да бидат вакцинирани на пунктовите за вакцинација кои се организирани во градовите Скопје, Битола, Тетово, Штип, Кавадарци, Охрид и Куманово.
Вработениот треба на пунктот да достави потврда потпишана од овластено лице на установата и заверена соодветно, во која ќе биде наведено дека се потврдува дека вработениот (име и презиме и ЕМБГ) е здравствен работник/соработник во установата. За терминот за вакцинација на здравствените работници е одговорен пунктот во кој истата се спроведува, а согласно достапните вакцини и распоредот за работа на пунктот.
Во прилог Ви испраќаме форма на потврдата.