22.11.2020
22.11.2020
Лекарската комора стана член на Постојаниот комитет на европски лекари (CPME)
На 21.11.2020 година беше одржано Собрание на Постојаниот комитет на европски лекари (CPME - The Standing Committee of European Doctors) на кое едногласно беше прифатена апликацијата за членство на Лекарската комора на Република Северна Македонија.
Постојаниот комитет на европски лекари (CPME) е организација која ги застапува своите членови пред институциите на ЕУ, обезбедува експертиза на највисоко ниво и во тесна соработка со Европската комисија учествува во креирањето на европски политики за прашања поврзани со здравството и здравствената заштита.