20.07.2020
20.07.2020
Постапка за пријавување на организатори на е-едукација (вебинари)
Лекарската комора започнува со организирање е-едукација за различни области во рамките на плановите за континуирана медицинска едукација (КМЕ). Е-едукацијата ќе се остварува преку вебинари на платформата Портал за лекари каде ќе се поставуваат стручните активности (стручни состаноци, курсеви и сл.) за докторите на медицина.
Постапката за пријавување на организатори на вебинари е следна:
Организаторот на е-едукација (вебинар) лично или на lkm@lkm.org.mk доставува пополнет формулар "Барање за одобрување и категоризација на облиците на стручно усовршување од страна на организаторот на стручното усовршување".
Во прилог на барањето доставува и:
✅ Предавања во еден од следните формати: PowerPoint презентација со снимен аудиозапис (.mp3, .wav), видеозапис (.mp4, .avi) или PDF,
✅ Тест прашања со можни одговори и означување на точен одговор,
✅ Дизајн за сертификат,
✅ Писмена согласност од покровителот,
✅ Потпишана изјава од предавач/и за практикување на медицина базирана на докази.
Потребните формулари и обрасци се достапни на http://lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=299
По акредитирање на стручната акивност од страна на Комисија за стручни прашања при ЛКРСМ, вебинарот се поставува на платформата Портал за лекари.
Е-едукацијата е бесплатна и достапна на Порталот за сите заинтересирани доктори во секое време и од секое место. На овој начин ќе се овозможи докторите да обезбедат доволен број на бодови за КМE, кои се услов за обновување на лиценцата за работа.Вебинарот останува активен три месеци, а по истекот на тој рок предавањата остануваат достапни, но не постои можност за добивање на бодови. Сите членови на Лекарската комора ќе добиваат нотификации за поставените вебинари на платформата на Комората.