Соопштение од Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
Соопштение од Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за важење на специјалистички извештај, отпусно писмо, конзилијарно мислењa за:
1. Пропишување/издавање на лекови и ортопедски помагала
- Од 01.02.2021 година со важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.12.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистичките извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.12.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистичките извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
- Од 01.03.2021 година со важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења не постари од 1 година.
2. За продолжување на боледување:
- Од 01.02.2021 година за продолжување на боледување во важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.09.2020 година
- Од 01.03.2021 година за продолжување на боледување во важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења не постари од 01.09.2020 година.