Конкурс за извонредни истражувачки постигнувања во медицината и фармацијата International Medis Awards for Medical Research 2020
ПОСВЕТЕНИ НА НАУКАТА
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ
Пријавите за конкурсот за извонредни истражувачки постигнувања во медицината и фармацијата International Medis Awards for Medical Research 2020 се во полн ек. За 7-та меѓународна награда за најдобри истражувачки трудови на лекари и фармацевти од средна и југоисточна Европа можат да се изборат истражувачи кои се издвојуваат со своите научно-истражувачки трудови, објавени во еминентни научни публикации со фактор на влијание повисок од 1,500. Во изминатите 6 години меѓународната стручна жири-комисија од вкупно 932 важечки пријавени истражувачки трудови награди 55 најдобри истражувачки трудови од 9 држави, меѓу кои како придонеси кон науката што се издвојуваат препознала и 4 истражувачки трудови од македонски истражувачи.
И покрај неизвесноста од Covid-19, конкурсот International Medis Awards for Medical Research останува посветен на науката и ќе ги подржи научно-истражувачките трудови од областа на медицина и фармација. Веруваме дека токму сега, повеќе од било кога, е потребно да се поддржат и наградат научните истражувања за доброто на сите нас.
За наградите International Medis Awards можат да се пријават лекари и фармацевти кои ги објавиле своите научно-истражувачки трудови од областа на фармација, гастроентерологија, гинекологија, интензивна медицина и анастезиологија, неврологија, офталмологија, педијатрија, пулмологија, алергологија и ревматологија во научни публикации со фактор на влијание повисоко од 1,500. На меѓународниот конкурс можат најдоцна до 28 септември 2020 да се пријават истражувачи од Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Северна Македонија, Словенија и Србија.
Пријавените трудови, според претходно одредени критериуми, ќе ги оценува десетчлена стручна жири-комисија, составена од меѓународно признаени стручни лица од разни специјалности. Во секоја од објавените истражувачки области жири-комисијата ќе одбере 2 финалисти, а на завршната свеченост што ќе се одржи на 26.11.2020 г. ќе го објави победникот во секоја од деветте области на конкурсот.
Минатата година меѓународната стручна жири-комисија во конкуренција од 207 важечки пријавени истражувачки трудови како победнички труд International Medis Awards од областа на гинекологија и акушерство ја прогласи апликативната студија на гинекологот и акушер д-р Тања Николова, д-р мед., која истражи како да се донесе проценка кога кај пациентката ќе се активира предвременото породување. Имено, д-р Николова заедно со меѓународна екипа на соработници докажа дека негативниот тест Parto Sure е сигурен показател дека предвременото раѓање нема да се активира во наредните 7 до 14 дена. Овие резултати ќе ги поштедат пациентките и новороденчињата од несаканите ефекти на терапиите кога се заканува предвременото породување.
При отварањето на годинашние пријави на International Medis Awards, финалистот на конкурсот International Medis Awards 2018, педијатар д-р Николина Здравевска, д-р мед., соопшти дека лекарите и фармацевтите во Северна Македонија целосно ѝ се посветени на грижата кон пациентите со ковид-19 , а воедно продлабочено се навлезени и во истражувањето на новите сознанија за новиот корона вирус: » Тоа се многу значајни моменти за целиот свет и се надевам дека сега навистина сите ќе го согледат значењето на медицинските истражувања во лабораториите и во клиничката пракса. За среќа, кај нас во педијатријата е помирн o , бидејќи децата полесно ја поднесуваат заразата од новиот корона вирус. Јас во овој период времето интензивно го посветувам на претходните резултати од моето истражување кое што излезе во публикацијата со висок фактор на влијание. И да, планирам со тоа истражување да се пријавам на годинашниов конкурс International Medis Awards.«
Конкурсот International Medis Awards for Medical Research 2020 се одржува во единствени околности коишто отвараат повеќе прашања отколку што науката е способна да ги разгледува во овој одреден момент, меѓутоа ова е воедно и извонреден стимул за уште поголема истражувачка ангажираност и посветеност кон науката, нагласува претседателот на меѓународната стручна жири-комисија International Medis Awards , проф. д-р Матија Томшич, д-р мед. » Само скромноста, посветеноста и интензивната истражувачка работа на долг рок носат промени !«
Повеќе информации за конкурсот: www.medis-awards.com