Дополнување на соопштението на ФЗОРСМ од 25.06.2020 год.
Почитувани,
Измени во ова соопштение се направени во делот на:
- издавање на боледување со лекарски преглед, освен за боледување од COVID-19 (со телефонско јавување),
- Продолжување на боледувањето по сите основи, Лекарската комисија на Фондот ќе го врши врз основа на приложената медицинска документација, а по проценка доколку има потреба и врз основа на непосреден преглед на осигуреното лице, освен за лицата заболени од Коронавирусот (COVID-19).
- Лекарскиот преглед на осигуреникот заради продолжување на боледување, ЛК на Фондот врши со закажување на термин за преглед.
- работа на здравствената установа без комплетен тим само во услови кога медицинската сестра е во изолација или на боледување од COVID 19,
- Продолжено е важењето на специјалистичките извештаи,отпусни писма, конзилијарни мислења до 31.08.2020 год.
- Со Одлука на УО утврден е начинот на продолжување на двојазичниот образец за новата учебна година на студентите кои се на школување во странство.