27.05.2020
27.05.2020
Пријавување за стручен испит

Лекарската комора на Република Северна Македонија во изминатите месеци (март, април и мај) поради прогласувањето на пандемијата со Ковид-19 и прогласената вонредна состојба во државата не спроведуваше полагање на стручниот испит. Со цел нормализирање на процесот на полагање на стручниот испит Лекарската комора се подготвува во наредниот период, почитувајќи ги протоколите и сите досега изречени мерки за заштита од коронавирусот од Владата, да започне со негово организирање.
Поради тоа, ги повикуваме докторите на медицина кои треба да полагаат стручен испит да се пријават во Комората на емаил: strucen@lkm.org.mk или lkm@lkm.org.mk најдоцна до 05.06.2020 година.
Пријава и потребни документи: http://lkm.org.mk/mk/zapis.asp?ID=290
Настани
Март, 2025
- пон
- вто
- сре
- чет
- пет
- саб
- нед
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
/upload/records/990/20250109_113050_LKM broj 125-novo-25.12.2024 web - small.pdf
Vox Medici



