Апел максимално да се почитуваат препораките од Мин. за здравство
Имајќи ги предвид препораките и заклучоците на Светската здравствена организација , Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за корона вирусот, како и фактот дека на територијата на нашата држава с ѐ уште бројот на заболени од корона вирусот не опаѓа со очекувана динамика, Лекарската комора на Република Северна Македонија апелира до сите институции, здруженија и граѓани, максимално да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство за намалување на ризикот од ширење на корона вирусот и мерките за заштита и превенција од Covid 19 . Посебно да се почитува мерката со која се забранува собирање во група не повеќе од две лица, во паркови и други јавни места и јавни површини.
Се молат граѓаните без поголема потреба да не ги напуштаат своите домови и да не се собираат и групираат. Почитувањето на мерките во голема мера ќе придонесе за спречување на понатамошно ширење на вирусот.
Со цел , да се зачуваат капацитетите во здравството, голема поддршка за здравствените работници да се справат со пандемијата е сите институции, здруженија и граѓани да ги почитуваат мерките и насоките за заштита на нивното здравје. Поради тоа, посебен апел Комората упатува до оние кои с ѐ уште не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата во којашто сите заедно се наоѓаме.
Мерките мора да се почитуваат, бидејќи од тоа зависи како и кога ќе се справиме со овој предизвик. Затоа е потребно да се покаже највисоко ниво на самосвест, солидарност и заедничка одговорност, дека знаеме и можеме да се справиме и со овој голем предизвик со којшто се соочува целиот свет.
Комората уште еднаш апелира, дека треба најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките на Владата на Република Северна Македонија, бидејќи така го штитиме колективното здравје .