10.04.2020
10.04.2020
Доделена медицинска опрема за докторите во ЈЗУ ГОБ 8 ми Септември, Скопје
Извршниот одбор на Лекарската комора на Република Северна Македонија донесе одлука, средствата од овогодинешната награда “Св.Наум Охридски” да бидaт пренаменети и со нив да се набави медицинска опрема за докторите на ЈЗУ УК за инфективни болести, Скопје и ЈЗУ ГОБ 8 ми Септември, Скопје, како подршка за нив која е повеќе од потребна и значајна во овие времиња кога се справуваат со корона вирусот.
На барање на директорите на овие институции набавени се маски КМ 95 за ЈЗУ ГОБ 8 ми Септември, а се уште за бара производител за да се набават мантили за еднократна употреба за ЈЗУ УК за инфективни болести, Скопје.
На докторите од ЈЗУ ГОБ 8 ми Септември им беа и поделени новите членски карти.