International MEDIS AWARDS 2019 година за medical research
Словенечката фармацевтска куќа “Medis” ги повикува за пријавување и учество лекарите и фармацевтите од областа на гастроентерохепатологијата, гинекологијата, интензивната нега (и анестезиологијата), неврологијата, офталмологијата, педијатријата, пулмлогијата (и алергологијата), ревматологијата и фармацијата на International MEDIS AWARDS 2019 година за medical research.
Рок за пријавување: 4 септември 2019 година.
Кој може да се пријави?
На конкурсот може да се пријават лекари и фармацевти со свој научно истражувачки труд кој го претставиле како напис објавен во афирмирана научна литература со фактор на влијание (Impact factor) поголем од 1,5. Научно истражувачкиот труд треба да биде прифатен или објавен во периодот од 1. септември 2018 до 31 август 2019 година.
Конкурсот е распишан во девет земји: Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
Стручно жири
Пријавените научно истражувачки трудови ќе ги оценува независно стручно жири според однапред утврдени критериуми, составено од меѓународно признаени експерти од различни специјалности, а под водство на претседателот на жирито проф. д- р Матија Томшич, шеф на Клиничкото одделение за ревматологија на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана. Стручното жири ќе ги избере финалистите и по еден победник од секоја распишана истражувачка област.
Награди
Победниците на конкурсот ќе добијат бронзена скулптура Иднина и финансиска поддршка за понатамошни истражувачки трудови во бруто износ од 2.500 евра.
Финалистите на конкурсот ќе добијат признание Medis Awards и финансиска поддршка за понатамошни истражувачки трудови во бруто износ од 500 евра.
Победниците, финалистите и стручното жири ќе бидат поканети на свечена манифестација по повод доделување на наградите која ќе се одржи на 5. ноември 2019 год. во Љубљана. (Победниците и финалистите ќе добијат награда само доколку бидат присутни на манифестацијата). Пријавите на англиски јазик треба да се испратат во дигитален облик на формуларот на www.medis-awards.com, каде ги има и сите подетални информации за условите за учество на конкурсот.
Повеќе информации за конкурсот и на: awards@medis.si