22.06.2019
22.06.2019
Договорите ќе се продолжат со анекс - договори до 31.12.2019 година
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, ги информира давателите на здравствени услуги дека договорите за општа медицина, општа стоматологија, приватни специјалисти, приватни специјалисти стоматолози и лаборатории, ќе се продолжат со анекс на договор до 31.12.2019 година. Анексот на договорот ќе биде изготвен и истиот ќе се потпишува електронски со дигитален сертификат од двете договорни страни.