12.06.2019
12.06.2019
Нови анекс на договори за примарна и специјалистичко - консултативна заштита
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија понуди анекс на договори со важност до крајот на 2019 година со кои ќе се регулира плаќањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита (општа медицина и гинекологија) , специјалистичко - консултативна здравствена заштита, како и за плаќање на лабораториски испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат од избран лекар.
Во анекс на договорите една од клучната измена е во намалување и прегрупирање на висината на договорните казни, како и бришење на дел од нив. Овие договори се уште се во работна верзија, а за 2020 година, како што најавија од Фондот, ќе се изготват нови договори на кои ќе се работи во наредните шест месеци и кои ќе бидат поразлични од досегашните. Според објаснувањата од Фондот и при изготвувањето на новите договори ќе продолжи соработката со Лекарската комора (ЛКМ) на содржините и нивните одредби. Инаку, анексите на договорите се во завршна фаза и наскоро се очекува нивна финализација откако ќе бидат разгледани предлозите и забелешките на претставниците на Комората.
Фондот за здравствено осигурување и Лекарската комора во изминатиот период остварија две работни средби за анексите на договорите. Двете страни веруваат дека ќе се изнајде најприфатливо решение и ќе почна потпишувањето на анекс на договорите со кои ќе се регулира плаќањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита (општа медицина и гинекологија) , специјалистичко - консултативна здравствена заштита, како и за плаќање на лабораториски испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат од избран лекар.